Три групи обожаватели на Мајкл Џексон ги тужеле за клевета во Франција Вејд Робсон и Џејмс Сејфчук, кои тврдат дека поп-пејачот ги злоставувал кога биле деца. Иако не се француски државјани, против нив е поднесена тужба во Франција бидејќи во таа земја со закон е забрането да се изнесуваат кривични обвинувања против починати лица, пишува „Си-ен-ен“.
Робсон и Сејфчук, кои сега имаат 41 и 37 години, го обвиниле Џексон во четиричасовниот документарец дека долги години сексуално ги злоставувал додека биле малолетни.
Фановите ги тужат двајцата за симболична сума од едно евро поради „нарушување на спомените за починатиот“.
„Не се во прашање пари, станува збор за срце“, рекол Емануел Лудо, адвокат на фановите на Џексон.
Адвокатите на Робсон и Сејфчук во САД изјавиле дека тужените немаат коментар за случајот.
Претставници на судот во францускиот град Орлеан, каде неодамна е одржано сослушување за овој случај, наведуваат дека тужените не присуствувале и дека немаат правни застапници во Франција.
Текстот Фанови на Мајкл Џексон ги тужат мажите што го обвинија пејачот за злоставување е превземен од Reporter.mk.