Фановите на филмот „Пиратите од Кариби“ сакаат жена да го замени Џони Деп. Медиумите пишуваат дека обожавателите не можат да се помират дека Деп веќе не е дел од култниот филм.
„Никој друг. Џони Деп е Џек Спароу, и јас не би го сакал филмот ако Деп не е во него “, рече фан на актерот. Друг пишува: „Мислам дека една жена мора да го игра Џек Спароу зашто кој и да го замени Деп не е веќе исто”. Многу луѓе ги притискат креаторите на серијалот да ја вратат ѕвездата.
Пред неколку дена стана јасно дека „Дизни“ не сака да снима веќе со Џони Деп. Една од главните причини за одлуката на тимот е дека тој е веќе постар и, уште повеќе, тој не ги донел финансиските средства кои тимот ги очекувал.
Се сеќаваме дека Деп го играше Џек Спароу во петте делови на „Пиратите од Карибите“. Според некои филмски критичари, новата постава без Деп ќе донесе повеќе загуби.
Текстот Фановите бараат Деп да се варти во „Пиратите од Кариби“ е превземен од Reporter.mk.