Фановите ги нападнаа Кардашијан, затоа што се расфрлаат со тоалетна хартија

Фановите ги нападнаа и ги критикуваа сестрите Кардашијан, затоа што во време на пандемија, тие се расфрлале со тоалетните хартии низ дома, пренесуваат светските медиуми.

Најстарата сестра на семејството Џенер Кортни Кардашијан (41), деновиве на својот „Инстаграм“ профил, објави видео, кое кратко потоа го избриша. На видеото нејзината сестра Клои Кардашријан и нејзиниот син Масон (10), ја расфрлаат тоалетната хартија низ дворот. Фановите веднаш ги осудија поради нивниото однесување.

„Луѓето се мачат да дојдат до тоалетна хартија. Сите се борат со пандемијата. Ова е само доказ, колку богаташите се себични и одвратни за време на коронавирусот. Луѓето со часови чекаат во редови да купат тоалетни хартии во трговските центри, затоа што има ограничени пакети, а Клои најде време да ја украси целата вила на сестра ѝ со тоалетна хартија“, биле само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Сепак имало и такви кои се обиделе да го одбранат семејството Кардашијан, коментирајќи дека раскошот им е составен дел од животот и дека често тие прават раскошни забави и приредуваат скапи изненадувања. Но, кога треба да направат некоја лудост, секогаш се на прво место, коментираат тие.

 

 

Текстот Фановите ги нападнаа Кардашијан, затоа што се расфрлаат со тоалетна хартија е превземен од Reporter.mk.