Најголемите фанови на светската музичка ѕвезда, Шон Пол, ќе можат да го запознаат на коктел забава што ќе се одржи по концертот во Скопје. Оваа можност, организаторите Fusion Production & Akasha booking им ја даваат на оние што ќе купат Ултра ВИП влезници за концертот што ќе се одржи на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје.
„Поради големиот интерес на публиката од денес во продажба се пуштени ВИП и Ултра ВИП влезници. Тие, заедно со оние за партерот и фан питот ќе се продаваат по промотивна цена до 25 јули. Влезниците ќе чинат 1100 денари за партер, 1600 денари за фан пит, 2200 денари за ВИП делот, а 6.900 денари ќе бидат ултра ВИП влезниците. Овие влезници ќе бидат со ексклузивен ‘meet and greet’ настан по концертот, каде фановите ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава со него“, велат организаторите на концертот.
Популарниот музичар во Скопје доаѓа од Кардиф, Велика Британија, а оттука ќе замине во Будимпешта, Унгарија. По тој концерт ќе ја почне азиската турнеја. Шон Пол, кој е добитник на неколку Греми награди, во Скопје ќе ги испее своите најголеми хитови, меѓу кои и соработките со Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета и други.
Текстот Фановите ќе го запознаат Шон Пол во Скопје е превземен од Reporter.mk.