Фановите на американската ѕвезда Бијонсе (37) се убедени дека таа е бремена со четврто дете, пренесува „Дејли мејл“. Бијонсе во последно време е многу активна на социјалните мрежи и па една од нив, каде што носи тесен фустан, ги поттикна коментарите дека е бремена.
На фотографијата не се гледа нејзиниот стомак бидејќи пејачката го покрила со виолетова чанта, ама токму заради ова тие сметаат дека Бијонсе и Џеј Зи повторно ќе станат родители. Пејачката и раперот веќе ги имаат ќерка Блу Ајви (7) и двегодишните близнаци, ќерката Руми и синот Сер. Неколкупати двојката истакна дека би сакале да имаат големо семејство.
Текстот Фановите веруваат дека Бијонсе е бремена четврти пат е превземен од Reporter.mk.