Поранешната водителка и новинар, Нора Шаќири, сега вработена со Министерството за култура, како асистент на заменик Министерот за односи со јавност, е блиска пријателка со специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.
Тие не го кријат, тоа, а неодамна Нора сподели и фотографија под која напиша „Сестри“. Не е тајна дека заедно излегуваат и често се дружат, а Нора и на Фејсбук често објавува статуси со поддршка за професионалните одлуки на Фатиме. Всушност, јавноста за нивната близина дозна лани, кога Фатиме беше сликана во диско и на кароке шоу, заедно со Нора Шаќири.
Текстот Фатиме и стана сестра на Нора е превземен од Reporter.mk.