Поранешната специјална обвинителка, Фатиме Фетаи, вели дека е пресреќна оти денес станала тетка. Нејзината најдобра пријателка, Нора Шаќири, утрово го роди синот Ијан. Мајката и бебето се чувствуваат одлично, а породувањето поминало во најдобар ред, ни раскажа за „Репортер“ Фатиме. Таа вели и дека нејзиниот внук е вистински фраер.
„Пресреќна сум што внук ми е здрав. Тежи 3.800 и е вистински фраер“, ни рече Фетаи.
Фатиме и Нора се многу блиски. Двете дами за себе велат дека се како сестри. Тие често излегуваа заедно во диско, објавуваа слики на социјалните мрежи од нивните дружење, а Фатиме е часта гостинка во домот кај Нора и Марко. Лани имаа и фотографии за славата Св. Јован, а заедно го славеа и роденденот на Фатиме во нејзиниот дом, кога наместо торта таа доби зелник.
А. Георгиев
Текстот Фатиме пресреќна: Ми се роди внук фраер е превземен од Reporter.mk.