Американската актерка Фелисити Хофман (56) е осудена на 14 дена затвор затоа што платила 15.000 долари на лажна добротворна организација поврзана со Рик Сингер (59) за местење на резултатите на тестовите за способност на нејзината ќерка. Станува збор за САТ (Scholastic Test Aptitude Test), тест за способност што се користи како приемен испит за додипломски студии во Соединетите Држави.
На актерката ѝ се закануваше затворска казна до 20 години, но бидејќи ја призна вината доби пониска казна затвор.
Додека е во затвор, нејзиното семејство се обидува да се врати во нормален живот. Така, нејзината ќерка работи на две работни места со скратено работно време, се преселила во нов стан и планира да се запише на колеџ. Таа повторно се пријавила на истиот колеџ на кој нејзината мајка ѝ овозможила местење на резултатите, пренесува „Дејли мејл“.
Текстот Фелисити Хофман е во затвор, а нејзината ќерка работи на две работни места е превземен од Reporter.mk.