Линет Скаво од „Очајни домаќинки“ излезе од затвор три дена порано. Актерката Фелисити Хофман отслужи 11 од предвидените 14 дена казна. Таа е ослободена бидејќи полицијата дозволува затвореникот да излезе пред предвидениот датум ако тој се паѓа во сабота, недела или за празник, освен ако не е предвидено останување до крај поради специјален полициски надзор.
Хофман беше осудена на две недели затвор и парична казна откако призна дека учествувала во измама со државните тестови за прием на колеџ на нејзината ќерка. Таа е првата од триесетте родители кои се вмешани во оваа измама. Таа е и првата која е осудена за своето дело.
Хофман призна дека платила најмалку 15.000 долари на измамничка група која ветувала подобри резултати на приемните испити. Актерката во писмо до судот се извини на државата и на засегнатите страни, бидејќи се обидела да го измами образовниот систем и наведе дека се срами за своето дело.
Освен Хофман, во скандалот е вмешана и глимицата Лора Лохлин, од серијата „Полна куќа“. Неа треба да ѝ се суди наскоро.
Фелисити Хoфман оди во елитен затвор, ќе може да јаде пица и орео бисквити
Текстот Фелисити Хофман излезе порано од затвор е превземен од Reporter.mk.