Феникс признал дека се чувствувал физички болно на снимањето

Холивудскиот суперстар Хоакин Феникс го открил својот степен на анксиозност кој го чувствува кога почнува да снима некој нов филм. Како што навел во интервјуто за “GQ”, тој се ослонува на стравот и одбива да го вежба својот текст. Хоакин рекол и дека на почетокот се чувствува “физички болно”.

“Првите три недели од снимањето на Џокер толку многу се потев што мораа да ми ставаат перничиња под пазувите”, изјавил актерот. Режисерот Џејмс Греј потврдил дека Феникс е таков каков што е.

“Неверојатно е срамежлив – нешто за кое повеќето луѓе мислат дека е глума или нешто слично”, рекол Греј кој соработувал со Хоакин на филмот “The Immigrant”.

Освен тоа, Феникс на почетокот на снимањето бил толку нервозен што повраќал.

Актерот се присетил и на моментите кога многу пиел и посетувал клубови.

“Се сметав себеси за хедонист. Не се занимавав со светот или со себе на начин на којшто сакав. Бев идиот, трчав наоколу, се обидував да ги измамам луѓето, одев во глупави клубови”, рекол Феникс.

Во истиот период, тој се превртел со својот автомобил во текот на едно возење низ Лос Анџелес. Бил крвав, потресен и дезориентиран, а потоа сакал да запали цигара.

Меѓутоа, во таа намера го запрел еден човек со германски нагласок.

“Само опушти се”, му кажал тој човек на Феникс.

А тој човек бил никој друг туку режисерот Вернер Херцог. Тој му кажал на Феникс дека не е добра идеја да запали цигара покрај автомобил од кој истекува бензин. Тој момент му го променил животот на актерот. Тогаш сфатил дека треба нешто да смени во животот така што сам се пријавил на рехабилитација.

Текстот Феникс признал дека се чувствувал физички болно на снимањето е превземен од Reporter.mk.