Фешта за свадбата на Борко, синот главен во одело

Голаманот на Македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, ќе се жени на 5 јануари, во хотелот „Мериот’ во Скопје. Деновие тој наголемо се спрема за свадбата. Борко и Нина, веќе се венчаа, па се роди синот Душан, но досега зардаи обврските не стигнаа да направат свадбена веселба. „Конечно, еве ќе бидне и свадба“, ни вели Борко.  „Свадбата е на само неколку дена пред светското првенството во ракомет кое почнува на 11 јануари, па сите гости од странство се со обврски околу подготовките и нема да можат да дојдат. Решивме да има само 200 гости на свадбата“, раскажа Борко за „Репортер“.

Тој во разговорот ни откри дека сопругата Нина, ќе носи венчаница на дизајнерката Мила Кадриу.

“Тоа е се што знам, другото таа го чува во тајност“, искрен е голманот.  Борко ни раскажа дека ќе носи одело од брендот „Сињори“, и дека исто така ќе биде облечен и нивниот син Душн, кој го носи името на  починатиот татко на Борко.

„На свадбата ќе има многу музиа. Од се по малку. Така, прво ќе ни свират ‘Фрајле’, па ќе пее Ѓоко Таневски и секако Наум Птерески. Сакаме да има од се по нешто и да биде многу  весело“, рсакажува Ристовски за „Реопоретр“

Тој ни откри дека околу свадбата малку се комплицирани работите, оти тој има постојано тренинзи со репрезентацијата заради ракометното првенство, кое почнува шест дена по свадбата.

„Морам да признаам дека обврските се големи, ама некако на крај се ќе вклопиме, и свадба и ракомет и се’, додава голамот.

 А.Георгиев

Текстот Фешта за свадбата на Борко, синот главен во одело е превземен од Reporter.mk.