Филип го исфрли Стефан од „Гранд“

Македонските кандидати во „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски и Филип Пецовски, се натпреваруваа еден против друг во третото коло од музичкото шоут Поуспешен беше Филип, кој помина директно во четвртиот круг, а Стефан со само два гласа не обезбеди место ни во баражот. За него гласаа Ѓорѓе Давид и Марија Шериофовиќ.

Ова ја налути неговата менторка, Вики Миљковиќ, која почна гласно да вика по колегите и им рече да се засрамат за тоа што му го направиле на Стефан, па почна да плаче и излезе од студиото. Слична реакција имаше и Саша Поповиќ, кој искоментира дека Стефан не е кандидат за излегување, и ја потсети Вики дека може да го врати во шоуто со златен глас. Пејачката го прифати советот на Саша, па Стефан останува во натпреварувањето и ќе пее во четвртиот круг.

 

Текстот Филип го исфрли Стефан од „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.