Посинетиот син на Лепа Брена, Филип Живоиновиќ и српската пејачка Александра Пријовиќ засега не планираат да се преселат во Америка. Пред три месеци, двојката имаше жестока расправија пред неколку луѓе за местото на живеење. Филип сакал да се преселат во САД, додека Александра, која сега е во петтиот месец од бременоста, сакала да останат во Србија.
Филип инсистирал тој и неговата сопруга да го продолжат животот далеку од семејниот дом, а минатиот месец Брена им ја подари својата вила во Мајами.
Како што пренесуваат српските медиуми, се било подготвено за двојката да ги спакува куферите и замине за САД. Дури порнашле и лекар кој би продолжил да ја следи и да се грижи за бременоста на Александра. Но, на последниот лекарски преглед во приватна болница во Белград, Александра добила препорака да остане во Србија до крајот на бременоста.
Александра била среќна што неколку месеци ќе мине со своето семејство.
„Набрзо сватила дека оваа одлука има свои добри страни, односно дека ќе мора да биде со родителите и членовите на семејството цело време. Тие сеуште можат да бидат од помош кога ќе бидат потребни“, вели изворот.
Текстот Филип Живоиновиќ и Александра Пријовиќ остануваат во Србија е превземен од Reporter.mk.