Документарниот филм за музичката легенда Оливер Драгојевиќ „Оливеровите 70 – Мала приказна за големиот музичар и неговиот последен концерт“, ќе биде премиерно прикажан на 21 јули, во Арена во Пула. Филмот ќе се прикажува во рамките на 66. Филмски фестивал во Пула, а во пресрет на првата годишнина од смртта на хрватскиот музичар.
Филмот го режираа Бранко Дракулиќ и Леа Деклева. Тој е направен од материјали што се снимени непосредно пред и во текот на славеничкиот концерт на музичарот, наречен „Оливеровите 70“, на кој настапи со Загрепската филхармонија.
За потсетување, Оливер почина лани на 29 јули од рак на белите дробови. Пејачот имаше 70 години.
Текстот Филм за Оливер Драгојевиќ ќе има премиера на фестивалот во Пула е превземен од Reporter.mk.