Филмот во кој глумат Северина и Игор Којиќ се снима во голема тајност

По скандалот со голите фотографии, фановите на Северина ги очекуваат да ги видат првите кадри од новиот филм во кој пејачката глуми „Последниот Србин во Хрватска“ во режија на Предраг Личин. За филмот се знае многу малку и истиот поради големите контраверзии во него се снима во голема тајност.

Пејачката ги снимила првите кадри со својот сопруг Игор Којиќ. Многумина кои биле присутни на снимањето велат дека сопругот на Северина на сетот се појавил како зомби, а за улогата на Северина речиси да не знаат ништо.

Личин одбил за медиумите да го коментира ангажманот на Северина во неговиот филм. Истото за новинарите го повторил и менаџерот на пејачката Томислав Петровиќ.

„Не сакам да зборувам ништо“, изјавил Петровиќ, кој потоа прекинал да одговара на телефонските повици. Од белградската продукциска компанија Art & Popcorn која соработува на проектот, велат дека Северина има споредна улога во филмот, но не даде специфични детали.

„Северина игра споредна улога. Побарајте не подоцна“, кратко прокоментирале од компанијата Art & Popcorn.

Продуцентката на филмот Анкица Јуриќ Тилиќ, исто така не сакала да зборува за улогата на Северина во филмот.

„Побарајте го режисерот“, кратко одговорила Јуриќ, а стилистот Петар Трбовиќ изјавил дека имал големи проблеми при изборот на облека за улогата на Северина.

„Нема јас да го дизајнирам фустанот. Тоа ќе го направи костимографот, но засега ништо не е официјално одлучено“, вели Трбовиќ.

Режисерот Предраг Личин кој ја режираше серијата „Неделно утро, сабота навечер“, од HAVC за филмот „Последниот Србин во Хрватска“ добил финансиски средства во три наврати. Прво за развој на сценариото, а потоа и за снимањето. Проектот е финансиран и од страна на Филмскиот центар на Србија.

Во филмот, според најавите на режисерот, ќе глумат и Сергеј Трифуновиќ, Крешмир Микиќ, Бојан Навојец и Јадранка Матковиќ.

„Супер е да се снима со волку млади луѓе“, изјавила Јадранка.

Поради големиот број на контроверзи во филмот, од продукциската куќа во Загреб, која работи на филмот, велат дека истиот се снима во голема тајност. Соработката меѓу Северина и Личин започнала пред 15 години.

СЕВЕРИНА Е ИСКУСНА ПРЕД КАМЕРА

Режисерот Личин вели дека има веќе соработувано со Северина и дека пејачката е искусна пред камери. На почетокот тој работел на спотовите на Северина. Снимиле и краток филм „Каде исчезна Словенија“, во кој Северина се јавува во улога на водителка и чита вести за тоа како земјата исчезнува од мапата.

 

 

 

Текстот Филмот во кој глумат Северина и Игор Којиќ се снима во голема тајност е превземен од Reporter.mk.