Актерот Патрик Џеј Адамс и неговата сопруга, актерката Тројан Белисарио, наскоро ќе станат родители. Ова е прво дете на глумицата од хит-серијата „Слатки мали лажги“ и за глумецот што се прослави во улогата на Мајк Рос во серијата Suits. Во популарната серија за адвокатите од Бостон, Патрик седум сезони го глумеше момчето на Меган Маркл.
Последната епизода од минатата сезона заврши со сцените од нивната венчавка, по што и Меган и Патрик ја напуштија серијата. Американските медиуми тогаш пишуваа дека филмската свадба е генерална проба за вистинската свадба на идната британска војвотка.
Патрик и Тројан се заедно од 2008 година, а се запознале кога двајцата добиле улоги во иста театарска претстава. Двојката се венча осум години подоцна, во 2016 година.
Текстот Филмскиот маж на Меган Маркл ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.