Фирмите на Северина во минус

Северина Којиќ покрај големиот број семејни турбуленции кои ги имаше во последните неколку месеци, ја затекнаа и финансиски проблеми.

Нејзината фирма, компанијата DUK Production d.o.o, во која пејачката е наведена како директор, 2019 година ја завршила за 11.500 евра помалку, во однос на претходната година, пишуваат хрватските медиуми.

Компанијата која е пријавена за производство на филмови, видеофилмови и телевизиска програма, во 2019 година остварила вкупен годишен приход од околу 100.000 евра и тоа претставува промена на вкупниот приход во однос на претходната година.

Компанијата сега остварила нето резултат кој е помал за 11.500 евра, што може да се види и на страницата Poslovna.hr.

Северина се најде и на списокот на оние кои добија помош од државата во облик на исплата на минималец, поради пандемијата со коронавирусот. Откако во јавноста излезе информација дека на пејачката и паднал приходот за повеќе од 20%, таа побарала државна помош. Северина беше задоволна од основниот услов за државна помош.

Таа изминатиот период беше главна на српските и хрватски медиуми, по расправијата која ја имаше со нејзиниот партнер Игор Којиќ.

 

Текстот Фирмите на Северина во минус е превземен од Reporter.mk.