Флертувала со Џеј-Зи па добила смртни закани од фановите на Бијонсе

Сопругата на Џо Лакоба, сопственикот на кошаркарскиот клуб „Голден Стејт Вориорс“, Никол Куран, добила заканувачки пораки на нејзиниот „Твитер“ од страна на фановите на пејачката Бијонсе.

На американската пејачка воопшто не и се допаднало тоа што на НБА натпреварот во средата, Куран флертувала со нејзиниот сопруг Џеј Зи. Тројцата седеле во првите редови на натреварот, а камерите на ESPN, го уловиле моментот, во кој Бијонсе се обидела прво со поглед да ја одврати Куран од нејзиниот сопруг.

Медиумите пишуваат дека кога Куран продолжила со флертувањето, a Бијонсе ја поттурнала со рамо. На „Твитер“ и другите социјални мрежи обожавателите ја преплавиле со коментари Куран, а потоа и стигнале бројни мејлови со заканувачки пораки.

Куран својата приказна ја раскажала на новинарката на ESPN Рамони Шелборн, која нивниот разговор го споделила на „Твитер. Шелборн напишала дека Никол поради целата ситуација сега е во лоша состојба. Таа не престанувала да плаче затоа што никогаш не ѝ се случило толку луѓе оддеднаш да ја мразат на интернет.

Воопшто не сватила колку нејзината интеракција со славниот пар ќе предизвика вознемиреност кај нивните фанови, додека нејзините пријатели не почнале да и праќаат снимки и пораки.

Фановите на Бијонсе на профилот на Никол напишале голем број на навреди и заканувачки пораки поради што таа морала да го деактивира својот профил. Таа вели дека нивната интеракција не била нешто невообичаено затоа што веќе неколку пати ги поканувала на натпреварите на нивниот тим.

Во моментите кога камерата ја фатила како му се додворува на раперот Џеј Зи, таа објаснила дека само го прашала што сака да се напие, но морала да се наведне да го слушне подобро, поради големата врева во салата.

„Немаше ништо непријателско. Само сакав да бидам добра домаќинка. Никогаш во животот не доживеав такво злоставување на интернет. Не можам да верувам дека нашите играчи ова го доживуваат. Не можам да верувам дека децата ова го доживуваат“, изјавила Куран.

Засега ниту Бијонсе, ниту нејзиниот сопруг Џеј Зи се немаат огласено по повод оваа ситуација, а пејачката само споделила серија на фотографии на нејзиниот „Инстаграм“ профил.

 

Текстот Флертувала со Џеј-Зи па добила смртни закани од фановите на Бијонсе е превземен од Reporter.mk.