Пејачот на народна музика, Влатко Миладиноски, најавува голема светска турнеја, која ќе опфати гостувања во многу земји. Гостувањата почнуваат со реализација оваа година, а продолжуваат скоро цела следна 2019-та година.
„Овој месец ми започна со гостување во Швајцарија, а веќе следниот сум кај нашинците во Грција, додека во Јануари патувам за Канада. Отсега можам да го најавам и гостувањето во Холандија, Амстердам, за 8-ми март, додека пак после тоа, ме очекува големата турнеја во Австралија“, вели Влатко и додава дека во завршна фаза се договорите за настапи во Турција, Словенија и повторно во Швајцарија.
Деновиве Влатко го заврши и снимањето на спотот за неговата нова песна „Се ми снема“.
Спотот се снимаше на неколку локации, заедно со „Арт Студио“, а премиерата се очекува наскоро.
Текстот Фолк пејачот Влатко Миладиновски ќе промовира македонска музика на светска турнеја е превземен од Reporter.mk.