„Фолтин“ промовираше нов албум

Шест нови песни се дел од последниот албум на групата „Фолтин“ насловен „Момома“, кој се промовираше денес во кафе-барот „Цреша“. На промоцијата на осмиот албум на бендот зборуваше Бранислав Николов, вокал на групата. Тој рече дека новите песни се постандардни и дека ова за нив е иновација споредено со досегашните музички и автентични импровизации во нивната музика. Тој најави и концерт на кој ќе ги свират песните од „Момома“ и дека тој ќе се случи кон средината на мај.

„’Момома’ е како Шпато да седнал со ‘Бич бојс’ па отсвириле пет-шест ствари. Онака, како од шега, ама посериозно. Кога правиш нешто сосема поинакво од очекуваното и ги збунуваш сите до радост. Во песната ‘Ми се води љубов’ можеби можете да го препознаете и Том Вејтс, како да влегол во романтична џез-фаза, па пее пригушено низ мегафонот на Chocolate Jesus. А потоа од некаде излегува и Боуви, со онаа негова проклето прекрасна насмевка“, вели Дејан Трајовски за албумот.

 

Текстот „Фолтин“ промовираше нов албум е превземен од Reporter.mk.