Фондацијата на Леонардо Ди Каприо со донации до 100 милиони долари

Добротворната фондација на холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо, LDF, достигнала финансиско влијание во висина од 100 милиони долари, пари наменети за заштита на животната средина и зачувување на дивиот жив свет.

Ваквата сума актерот вели дека е резултат на неговото распоредување на парите во висина од 11 милиони долари на секоја од шестте програмски области во фондацијата. Проектите Ди Каприо ги најави на 20 годишнината на Фондацијата и на денот кога го прославил својот 44 родеден.

Познато е дека Лео е страствен заговорник по прашањата за животна средина и дека покажува посветеност за зачувување на дивиот свет во текот на целата своја холивудска кариера. Но, дури и неговите најверни обожаватели не знаат колку 44 годишниот актер имал влијание во текот на сите овие години.

Леонардо е добитник на наградата „Златен Глобус“, а фондацијата ја основал во 1998 годна. Актерот тогаш имал само 24 години, но уште во тој период покажал длабока посветеност за заштита на планетата за идните генерации. Во период од две децении, Ди Каприо ја искористил својата слава и успех за да ги постигне најдобрите цели.

Актерот поддржал повеќе од 200 проекти, насочени на еколошки прашања низ целиот свет. Во соопштението објавено на интернет страницата на фондацијата на Ди Каприо, кој во 2014 година бил прогасен за Гласник на мирот на Обединетите нации стои неговата изјава:

„Кога пред 20 години ја основав фондацијата LDF, тоа го направив на темел на едноставна идеја, да можеме да направиме реална разлика, така што директно ќе финансираме некои од најефикасните еколошки проекти, било да се работи за поединци, чекори на локално ниво, или големи непрофитни организации. Сакавме да се фокусираме да добиеме средства за работи кои можеле да имаме најмногу влијание. Исклучително сме горди што славиме 20 години постоење на оваа организација. Од 1998 година, поддржавме повеќе од 200 проекти на сите континенти и во сите океани. Проекти за зачувување на морските видови, обновливите извори на енергија, климатски промени, права на автохтони жители и уште многу од тоа. Задоволство ми е да објавам и за наменетите 11 милиони долари за нови проекти на шест програмски подрачја, со што вкупното финансиско влијание на фондацијата изнесува повеќе од 100 милиони долари“.

 

 

 

Текстот Фондацијата на Леонардо Ди Каприо со донации до 100 милиони долари е превземен од Reporter.mk.