Магазинот „Форбс“ објави листа на 10 најплатени пејачки за 2018 година. На прво место, по три години, се врати Кети Пери, симнувајќи ја од тронот Бијонсе.
Како што наведува „Форбс“, Кети Пери (34) во текот на оваа година заработила 83 милиони долари, односно нешто повеќе од милион длари по еден настап. Покрај тоа, таа наводно е платена со уште 20 милиони долари за својата улога како жири во емисијата „Американски идол“.
Благодарение на фактот дека албумот „Репутација“ е прдаден во два милиони примероци, во само првите седум дена од објавувањето, Тејлор Свифт според проценката на „Форбс“ оваа година е втора со заработката од околу 80 милиони долари.
„Форбс“ напоменува дека Свифт многу лесно можела да дојде до првото место на листата, но дека нејзината турнеја е закажана надвор од периодот според пресметките за тековната година.
На третото место се наоѓа Бијонсе, која оваа година го објавила првиот албум со својот сопруг, раперот Џеј Зи. Таа оваа година заработила 60 милиони долари.
„Се испрати да бидеш Пинк“, наведува „Форбс“, додавајќи дека познатата пејачка во текот на 2018 година, заработила 52 милиони долари.
Со 66 настапи, филмот „Ѕвездата е родена“ и договорите со „Версаче“ и МАC, Лејди Гага оваа година заработила 50 милиони долари.
Дека нема намера да запре на своите 49 години, покажа Џенифер Лопез, која заработила 47 милиони долари и се наоѓа на шестото место на најплатените пејачки.
Светската ѕвезда од Барбадос, Ријана, заработила 37,5 милиони долари, иако немала турнеја уште од 2016 година. „Форбс“ наведува дека Ријана своите приходи ги остварила од козметика и долен веш за жени, како и за улогата во филмот „Оушн 8“.
Хелена Фишер е побогата за 32 милиони долари, откако, како што наведува „Форбс“, направи феноменална турнеја на која заработила повеќе милион долари по настап.
Земајќи половина милион долари за вечер во Лас Вегас, а скоро двојно повеќе по арена во Европа, Селин Дион лесно стигна до цифрата од 31 милион долари, колку што заработила оваа година.
На последното 10 место, со заработка од 30 милиони долари се наоѓа Бритни Спирс.
Текстот „Форбс“: Кети Пери најплатена пејачка за 2018 година е превземен од Reporter.mk.