Британската пејачка Адел ослабе 10 килограми со вежбање пилатес. Таа во јуни откри дека почнала да вежба, но не за да слабее, туку заради своето здравје, за полесно да ја издржи турнејата на која тргнува наскоро.
Ослабната Адел беше гостинка на забавата за 33. роденден на пејачот Дрејк, па светските медиуми објавија нејзини слики од журката со коментар дека е непрепознатлива.
Во моментов Адел (31) снима песни за својот нов албум и му е целосно посветена на својот син, велат извори блиски на пејачката.
Текстот (Фото) Адел ослабе 10 килограми со пилатес е превземен од Reporter.mk.