Холивудската ѕвезда Ал Пачино падна додека одеше на црвениот тепих пред доделувањето на наградите БАФТА во Лондон. 78-годишниот глумец беше во друштво на неговата девојка, израелската пејачка Меитал Дохан (39), со која е во врска од лани од септември. Таа му помогна да стане кога се сопна додека се качуваше по скалите. Освен Меитал, до глумецот дојдоа уште неколку лица, па тој го продолжи патот до салата каде што се доделуваа наградите.
Ова е првпат Меитал и Пачино да се појават заедно на јавен настан, иако веќе неколку месеци се зборува дека се во врска.
„Отпрвин се трудеа нивната врска да остане приватна, но сега веќе не се обидуваат да ја чуваат во тајност“, изјавил пријател на Пачино.
Текстот (Фото) Ал Пачино падна на црвениот тепих на БАФТА наградите е превземен од Reporter.mk.