(Фото) Алачка ја помрачи Москва

Поранешната пејачка и водителка на емисијата „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, е во Москва на меѓународен фестивал на храната. Таа веќе сподели неколку слики од Русија, а најголемо внимание предизвика сликата од Црвениот плоштад, пред црквата „Св. Василиј“.

„Адријана, ја помрачи Москва со твојата убавина“, стои во коментарите под фотографијата.

Алачки на своите профили на социјалните мрежи објави и видеа од патувањето, а со своите пријатели споделува и се што се случува на фестивалот на храната, на кој таа ја претставува македонската народна кујна.

 

Фото: Фејсбук

Текстот (Фото) Алачка ја помрачи Москва е превземен од Reporter.mk.