Канадската пејачката Аланис Морисет на 8 август го роди своето трето дете, синот Мерси. 46-годишната пејачка се породи во нејзиниот дом.
„Тој е тука“, напиша таа покрај црно-белата фотографија од момчето што спие.
Освен Мерси, пејачката и нејзиниот сопруг се родители на тригодишната Оникс-Солас и осумгодишниот Евер Имре.
Инаку, веста за бременоста пејачката ја објави во интервју во март. Таа во интервјуто откри и дека била убедена дека никогаш нема да има големо семејство какво што посакувала.
Текстот (Фото) Аланис Морисет третпат стана мајка е превземен од Reporter.mk.