По повод последниот концерт на Џенифер Лопез, нејзиното момче, поранешниот безбол-играч Алекс Родригез, организираше голема забава на која се појави во розова кошула и панталони.
За прославата Џеј Ло се одлучи за комбинезон и јакна со крзно на леопард.
Пејачката ја заврши својата турнеја со концертот во Лас Вегас. Американката има постојано шоу во Лас Вегас од почетокот на 2016 година, а синоќа со голем концерт заврши уште едно поглавје во нејзиниот живот.
Во последните месеци пејачката беше доста активна на деловно поле. Само во последните месец дена имаше закажани 15 концерти. На својот профил на социјалните мрежи таа се пофали дека е во топ-форма.
„Кога го започнав ова патување првично си помислив дека 15 концерти можеби се премногу. Но, си ветив дека нема да изневерам никој од мојот тим и од обожавателите и дека на крај ќе излезам уште посилна. Ќе вежбам и ќе бидам во најдобрата форма во животот. Имаше моменти кога бев уморна, но еве не сега. Јас сум толку емотивна, но се чувствувам и силно, среќно и благодарно“, изјавила Лопез.
Текстот (Фото) Алекс облече розово за Џенифер Лопез е превземен од Reporter.mk.