(Фото) Александра и Филип празнично со нивните мајки

Српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ новогодишните празници ги минуваат во друштво на нивните мајки и блиски пријатели. Пријовиќ се пофали на социјалните мрежи со фотографии од празничната дружба.

На фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи, покрај Пријовиќ се ѝ нејзината мајка Борка со партнерот Михајловиќ и Зорица Накиќ, мајката на Филип.

Зорица последните неколку години живее во Шпанија со нејзиното семејство. Таа пред новогодишните празници пристигнала во Белград за да биде заедно со Александра и Филип.

Пејачката Пријовиќ на фотографиите доби пофални коментари од фановите, велејќи и дека блеска во опуштеното друштво и дека е многу убаво што се согласуваат со Зорица и Борка.

Пејачката е во седмиот месец од бременоста ѝ во моментов одмора од деловните обврски, а не крие дека поголемиот дел од времето го минува со нејзиното семејство.

  

Текстот (Фото) Александра и Филип празнично со нивните мајки е превземен од Reporter.mk.