Македонската старлета и манекенка Александра Накова се пофали дека викендов уживала во Грција. Таа објави неколку топлес слики од плажа, а следбениците на „Инстаграм“ не штедеа комплименти за нејзиниот изглед – од тоа дека е секси, до коментари дека иако градите ѝ се ко балони, сепак делуваат совршено. „Си се спружила ко сирена на плажа“, пишуваат тие.
Старлетата често објавува разголени слики на социјалните мрежи. Некои велат тоа го прави за да провоцира, други за да си ја крене цената и да заработи од „Инстаграм“, по примерот на светските ѕвезди.
Накова, пак, периодов беше актуелна со појавувањето во неколку спотови. Таа ја имаше главната улога во видеото за песната „Лутка“ на „Балкан бенд“ и беше дели од спотот за „Ромео и Јулија“ на ДНК.
Текстот (Фото) Александра Накова топлес во Грција е превземен од Reporter.mk.