Српската пејачка Александра Пријовиќ синоќа со сопругот Филип Живоиновиќ се појави во еден познат ресторан во Белград каде за првпат го покажа трудничкиот стомак.
Семејството Живоиновиќ, како што пишуваат српските медиуми, поминало убава семејна вечера во ресторанот. Покрај Филип, на масата седеле и Лепа Брена, Боба Живоиновиќ со двајцата синови Стефан и Виктор.
Александра во моментов е на трудничко боледување и повеќе не настапува. Редовно ги посетува рестораните и клубовите низ Белград.
Текстот (Фото) Александра Пријовиќ го покажа трудничкиот стомак е превземен од Reporter.mk.