Фолк-пејачката Александра Пријовиќ, вчеравечер на концертот на Лепа Брена во Белград притрчала да ѝ помогне на девојка што се онесвестила. На девојката што стоела близу бината ѝ се слошило, па откако пејачката видела дека другарките пробиваат да ја освестат, притрчала и ѝ однела вода да се освежи.
Српскиот таблоид „Свет“ пишува дека Александра била вознемирена се додека на девојката не ѝ било подобро. Кога малку се опоравила, ѝ се заблагодарила на Пријовиќ, а ѝ се заблагодариле и сите другарки на девојката.
Александра со сопругот Филип и неговото семејство вчера беше специјална гостинка на концертот на Брена во арената „Штарк“, а со кој пејачката прославува 35 години кариера.
Брена се расплака среде концерт, 20.000 луѓе ѝ пееја „Среќен роденден“
Текстот (Фото) Александра Пријовиќ ѝ помогна на онесвестена девојка е превземен од Reporter.mk.