Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ секој миг треба да станат родители. Јавноста за прв пат имаше можност да ја види Александра пред породувањето на фотографиите кои ги направи емисијата „Папарацо лов“.
Медиумите секојдневно објавуваат по нешто за нив, но и тоа дека двојката чека машко дете кое ќе се вика Александар.
Идните родители го подготвуваат новиот дом за нив и за синот, каде што деновиве треба да се преселат. За време на уредувањето на домот многу им помогнале Брена и Боба Живојиновиќ.
Александра и Филип купија куќа на Бежанијска коса во Белград, населбата во која живеат Брена и Боба. Наводно, куќата ги чинела 500.000 евра.
Текстот (Фото) Александра Пријовиќ пред породување е превземен од Reporter.mk.