Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ откри дека ја огржува линијата со јога. Таа вели дека вежба и додека е во домашна изолација. Ивановиќ објави слика на „Твитер“.
„Ми се допаѓа да менувам малку јога, па класично вежбање. Оваа јога поза бара рамнотежа и стабилност. Потешко е отколку што мислите“, напиша таа во коментар.
Некогашната најдобра тенисерка на светот во моментов е во Германија со својот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер и нивните две деца.
I love to vary between yoga sessions and workouts. This yoga pose requires balance and core strength. It’s harder than it looks 🧘 pic.twitter.com/K31pngYYTr
— Ana Ivanovic (@AnaIvanovic) April 17, 2020
Текстот (Фото) Ана Ивановиќ ја одржува формата со јога е превземен од Reporter.mk.