(Фото) Ана Ивановиќ се пофали каков мајстор е за правење велигденски јајца

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ им се пофали на своите фанови на социјалните мрежи со направените велигденски јајца.

Таа вели дека во нејзиниот и домот на нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, за време на велигденските празници отсекогаш се почитувала традицијата и на двајцата сопружници.

Иако со години живее далеку од родното место, Ана вели дека не пропушта можност да ги одбележи христијанските празници, почитувајќи ги сите обичаи кои ги налага традицијата.

Поранешната тенисерка годинава ги украсила јајцата користејќи салфетна техника и со фотографија на социјалните мрежи им се пофали на фановите како одлично се снаоѓа во нивното украсување.

„Христос Воскресе! Среќен Велигден на сите кои слават денес. Ние го славиме двајцата“, напиша Ана, која со сопругот Швајнштајгер и синот Лука го прославуваат и католичкиот и православниот Велигден.

 

Текстот (Фото) Ана Ивановиќ се пофали каков мајстор е за правење велигденски јајца е превземен од Reporter.mk.