(Фото) Ана Винтур првпат облече тренерки

Ана Винтур, уредничката на „Вог“, облече тренерки и ја изненади јавноста. Највлијателната жена во светот на модата многупати рекла дека никогаш во животот не носела тренерки, но и дека никогш нема да облече. Сликата што е објавена на официјалниот инстаграм-профил на списанието, сепак ја негираше дека дури и кога е дома, носи сукњи или фустани.

„Ана Винтур во тренерки? Светот навистина полуде“, е само еден од многуте коментри под сликата.

Винтур во светот е позната и како челичната дама на модата. Таа отсекогаш имала иста фризура, аво јавноста многу ретко се појавува без големи црни очила за сонце.

Текстот (Фото) Ана Винтур првпат облече тренерки е превземен од Reporter.mk.