Фолк пејачката Анастасија Петреска заедно со сопругот Владимир Поповски, пејачот на фолк-групата „Биоритам“ ја крштеваа ќерката Андреа. Освен крштевка, двојката и се венча во црквата. Анастасија се породи во март и малта Андреа е нивно прво дете. Анастасија е најстарата ќерка на фолк-пејачот Наум Петрески. Владимир неодамна за „Репортер“ изјави дека “ едвај дочекал да бидат бидат трио и дека чувството е неописливо“. Двојката уште тогаш кажа дека иако Анасатија бремена, немаат закажано датум за свадба.
„Немаме закажано датум, но нашата свадба нема да биде класична. Поканите ќе бидат само за најблиските, тоа ќе биде приватна забава“, ни откри тогаш пејачот.
Текстот (Фото) Анастасија Петреска ја крштеваше ќерка си е превземен од Reporter.mk.