Актерката Анџелина Џоли (43) често знае да прошета низ улиците на Холивуд и да ги посети бутиците, заедно со нејзините синови. Само во тие моменти папараците велат дека можат да ја фотографираат Џоли во природно издание, без шминка.
Овој пат Џоли заедно со сновите Пекс и Нокс посетија некои од бутиците во еден дел од Холивуд. Џоли во таа пригода била облечена во црно.
Освен очилата за сонце, кои подоцна ги симнала, на лицето немала ни грам шминка. Во коментарите под фотографиите што веднаш се раширија по социјалните мрежи обожавателите велат дека Џоли изгледала негувано и убаво. Џоли била потполно шик.
Џоли вели дека најубаво ѝ е кога слободното време го минува со своите деца. Па макар тоа било и за шопинг.
Текстот (Фото) Анџелина Џоли на шопинг со синовите низ Холивуд е превземен од Reporter.mk.