Актерката Анџелина Џоли е снимена за време на шопинг со нејзините ќерки во Лос Анџелес. Таа е во друштво на непознат маж, но најмногу внимание привлекоа слабите истетовирани раце на актерката.
Таа никогаш не изгледала послабо, коментираат некои од нив. Актерката на шопинг ја придружуваа ќерките Захара и Вивиен. Трите беа видени во центарот на Лос Анџелес. Анџелина засега го нема откриено идентитетот на непознатиот маж којшто ги придружуваше, а медиумите пишуваат дека станува збор за нејзиниот телохранител.
Џоли на себе имаше фустан без ракави, рамни сандали и класичен капут. Големиот број фанови кои ги има холивудската актерка се загрижени за нејзиното здравје и тежина, особено во последните неколку години. Актерката особено во последниот период има симнато голем број килограми.
Џоли е висока 169 сантимети, а со тежината варирала меѓу 54 и 56 килограми во 2018 година, за сега, наводно, да падне на само 40 килограми. Дури и нејзиното лице изгледа ослабено, коментираат фановите.
„Што си направила со себе?“, се дел од коментарите и прашањата на фановите.
Џоли во една пригода изјавила дека причина за нејзината слабост е исклучиво стресот поради губитокот на мајката и разводот со Бред Пит. Џоли се држи до посебна диета и специјални јадења кои вклучуваат супа, житарици и оброк од мешавина на чија семки, проса и ориз за кои актерката вели дека ѝ даваат енергија и кожата ѝ ја прават посјајна.
Текстот (Фото) Анџелина Џоли со ќерките на шопинг во Лос Анџелес е превземен од Reporter.mk.