Поп-пејачката Андријана Јаневска вчера беше во Крушево, на Илинден, од каде се пофали дека е во друштво со Иван Иванов, синот на претседателот Ѓорѓе Иванов.
„Свои на своето“, напиша Јаневска под фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“.
Андријана и Иван одамна се познаваат и долго се дружат, а поп-пејачката и професорка по виолина беше речиси дел од сите кампањи на ВМРО-ДПМНЕ. Во изјава за „Репортер“ таа лани летото кажа дека кој било од естрадата секогаш подобро заработува од пеење за политички партии и дека секој има право да си избере дали ќе пее или не.
Текстот (Фото) Андријана „своја“ со синот на Иванов е превземен од Reporter.mk.