Поп-пејачката и професорка по виолина, Андријана Јаневска, во Загреб снима ново видео. Облечена во црн краток фустан, со чизми до над колена, таа на „Инстаграм“ објави слика од подготовките за снимањето на спотот, но не откри која е песната, ни со кого ќе снима.
„Најдобри во Загреб“, напиша таа покрај сликата направена во студиото за шминка и фризира „Виклер и руж“.
Пејачката доби многу комплименти за изгледот од пријателите. Некои ѝ порачаа дека не ја препознале, други дека е секси со разголената нога, а трети ѝ рекоа дека им се допаѓа новиот стил и дека не треба да го менува.
Текстот (Фото) Андријана во Загреб изненади со секси изглед е превземен од Reporter.mk.