Поп-пејачката Антониа Гиговска на „Инстаграм“ објави слика на која е облечена во бели тренерки што ги искомбинирала со штикли и гол стомак. Нејзиниот стил не им се допадна на фановите, кои ѝ порачаа дека пак направила модна грешка. „Тренерка оди со патика, не со висока штикла“, коментираат тие.
Дека тренерка не се комбинира со штикли се сложува и најпознатиот хрватски моден критичар Невен Цигановиќ. Откако Северина неодамна се појави на настап во клуб во Хрватска во сина тренерка и бели сандали на штикли, тој ѝ порача дека ја утнала комбинацијата. „Некои работи не може да ги носи дури ни Северина, ова е невозможна мисија“, коментираше тогаш тој.
Инаку, не е првпат јавноста да го коментира стилот на Антониа. По концертот на Влатко Лозаноски на Антички во Охрид, кога на сцената се појави со шарен шорц, гол стомак и високо кренати бели чорапи ои патики, фановите ѝ порачаа дека мора да си најде стилист.
Текстот (Фото) Антониа, тренерка оди со патика, не со штикла е превземен од Reporter.mk.