Американскиот пејач Арон Картер, познат како помладиот брат на Ник Картер од популарниот музички бенд во деведесетите години „Бекстрит бојс“, направил тетоважа од пејачката Ријана на своето лице.
Арон ги изненади фановите на социјалните мрежи со новата тетоважа кој му го покрила половина лице.
„Не можам да верувам дека си ја тетовирал Ријана на твоето лице“, „Изгледаш како кловн“, „Мораш да побараш помош, си го изгубил компасот“, биле некои од коментарите на социјалните мрежи.
Пејачот ја тетовирал Ријана како медуза, по примерот на нејзината насловна страна во светскиот магазин GQ во 2013 година.
Арон во последно време го сврте вниманието кон себе по преписките со неговиот брат Ник, кој побарал судска забрана за помладиот брат, откако младиот пејач му се заканил на него и неговата сопруга. Картер и јавно призна дека боледува од четири психички проблеми.
Братот на Ник од „Бекстрит бојс“ призна дека боледува од четири психички болести
Текстот (Фото) Арон Картер ја истетовира Ријана на лицето е превземен од Reporter.mk.