Поранешниот претседател на САД Барак Обама со букет цвеќе ја изненади неговата сопруга Мишел Обама за време на нејзината промоција на книгата со мемоари во Вашингтон.
Барак Обама бил најавен како специјален гостин од страна на водителката на настанот на кој поранешната американска прва дама Мишел Обама ги претстави своите мемоари.
За време на турнејата низ земјата, Мишел ја промовирала нејзината книга „Постоење“ (Becoming), а некогашната прва дама на САД, во саботата вечерта во Вашингтон учествуваше во разговор чиј модератор била нејзината долгогодишна пријателка и некогашна советничка во Белата куќа, Валери Џерет, пренесува агенцијата АП.
Look who dropped by! ❤️#IAmBecoming pic.twitter.com/cIQDbNIU8A
— Michelle Obama (@MichelleObama) November 18, 2018
Додека го водела разговорот со Мишел, Валери како специјален гостин во салата го најавила Барак Обама. На големо воодушевување на публиката во Арена „Капитал 1“, се појавил Барак со букет цвеќе.
Мишел зборела за чувствата кои таа ги има кон поранешниот претседател на САД. Обама пак оставил впечаток зборувајќи за моментот кога ѝ го освоил срцето на Мишел во правна фирма во Чикаго, каде таа била негов ментор.
Барак за Мишел вели дека е единствена, силна, чесна и човек на кој секогаш можел да се потпре. Обама знаел однапред дека ако Мишел стане мајка на неговите деца, нивните потомци ќе бидат исклучителни.
Текстот (Фото) Барак Обама ја изненади Мишел со букет цвеќе е превземен од Reporter.mk.