Викторија и Дејвид Бекам заедно со своите деца вчера пристигнаа на островот Свети Стефан во Црна Гора каде што ќе го поминат одморот. На интернет веќе се појавија првоите слики од славниот пар кој е на островот, а меѓу нив и Викторија која со голем качкет го крие лицето додека се сонча на плажа.
Семејството Бекам слета на аеродромот во Подгорица, оттаму со приватен авион заминале за Дубровник и според црногорските медиуми, од Дубровник со јахта пристигнале на Свети Стефан. На островот се сместени во луксузна вила и имале 28 барања што домаќините морале да ги исполнат пред нивното пристигнување.
Дејвид и Викторија неодамна прославија 19 години во брак. Светските медиуми брзо пред тоа објавија дека двојката се разведува и дека фудбалерот се иселил од заедничкиот дом, но тие ги демантираа пишувањата.