Во моментов актуелна е модната недела во Париз. Eдна од најубавите жени на светот Бела Хадид се прошета по модната писта, на ревијата на Вивиен Вествуд. Дизајнерот Андреас Кронталер ја дизајнирал деветтата колекција за оваа модна куќа, а истата била инспирирана од истерување на негативната енергија. Манекенката го привлече вниманието на медиумите со провокативниот проѕирен фустан кој го носеше без градник. Потоа се појави во црн кожен фустан со еколте и широки панталони. Покрај црните чизми, носеше ѓердан од лук.
Текстот (Фото) Бела Хадид во проѕирен фустан без градник на ревијата во Париз е превземен од Reporter.mk.