(Фото) Бели цветови и романтични свеќи, Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја прославија веридбата

Џенифер Лопез и Алекс Родригез викендов со семејството и пријателите ја прославија својата веридба. Забавата се одржала во Лос Анџелес, во домот на Карол Бајер Сагер. На прославата биле присутни и нивнте четири деца од претходните бракови. 50-годишната пејачка носела бела креација на едно рамо. На една од фотографиите, таа го покажува големиот веренички прстен додека го бакнува саканиот.

“Беше фантастична вечер со запалени свеќи, бели цвеќиња и розово осветление, како во куќата така и во дворот. Тоа беше одличен момент нивните семејства и пријатели да ја прослават веридбата“, вели извор кој бил присутен на забавата.

Инаку, Џенифер Лопез и Алекс Родригез се во врска повеќе од две години, а се свршија во март на Бахамите. И двајцата имаат по две деца од претходните бракови. Ова ќе биде четврти брак за Џеј Ло.

J Lo A Rod
https://www.instagram.com/p/B3AopU8AdpA/
Credit: Jennifer Lopez/Instagram

 

 

Текстот (Фото) Бели цветови и романтични свеќи, Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја прославија веридбата е превземен од Reporter.mk.