Холивудскиот глумец Бен Афлек ја повозе со моторот неговата нова девојка, кубанската глумица Ана де Армас. Двајцата биле видени како се возат на моторот на глумецот „Харли Дејвидсон”, низ улиците на Лос Анџелес.
Медиумите пишуваат дека и Бен и Ана не се одвоени еден од друг, уште кога започна пандемијата со коронавирусот. Претходно биле видени за време на лов во близина на Лос Анџелес.
Неговата поранешна сопруга Џенифер Гарднер изјавила дека е среќна што Бен повторно излегува и е среќен. Претходно таа му помогна околу проблемот со пиењето.
Афлек и Ана се запознаа за време на снимањето на еротскиот трилер филм Deep Water, во кој глумеа маж и жена. Папараците досега неколку пати ги имаа снимено и на Куба, во домот на глумицата, а неодамна објавија и фотографии од нејзиниот роденден, кој го прославија во пустина.
Текстот (Фото) Бен Афлек ја повозе девојката на својот мотор „Харли Дејвидсон” е превземен од Reporter.mk.