Холивудскиот глумец Бен Афлек, 32. роденден на неговата нова девојка, кубанската глумица Ана де Армас, го организираше и го прославија во пустина, пренесуваат американските таблоиди.
Афлек заедно со новата девојка на Џејмс Бонд, или како што ја нарекуваат Софија Лорен од новата доба, се обиде да се сокрие од големиот број папараци, кои го ловеа низ Лос Анџелес, на имот во пустина.
Тој вели дека обидел да најде малку мир, па макар и привремен со неговата нова љубов. Ана им се заблагодари на сите за убавите желби и сподели фотографии со Афлек.
„Фала ви на сите за убавите желби. За уште една прекрасна година“, напишала Ана на фотографијата.
Таа ќе глуми во новиот филм на Бонд No Time to Die. Ана е родена на Куба, а од мајчина страна добила и шпанско државјанство. Таа е таинствена кога е во прашање нејзиниот приватен живот. Во 2011 година се има омажено за шпанскиот глумец Марко Клоето, а во 2013 двајцата се разведоа.
Афлек пред две години и официјално се разведе од неговата колешка Џенифер Гарнер. Двајцата останаа блиски поради нивните три деца. Џенифер му помогна на Афлек во моментите кога му беше најтешко и кога глумецот имаше сериозни проблеми со алкохолот. Последен пат биле видени како се расправаат на во кола.
Бен и Џенифер објавија дека се разведуваат во 2015 година, а наводно причина за нивната разделба било неверството на актерот.
Текстот (Фото) Бен Афлек роденденот на новата девојка го организираше во пустина е превземен од Reporter.mk.