Актерот Бен Афлек со солзи во очите се раздели со своите три деца за време на посетата на една црква во Лос Анџелес. Најтешко на Афлек му падна разделбата со неговата ќерка Серафина која е многу врзана за својот татко.
Тој по завршувањето на мисата во црквата бил виден и снмен од папараците како со солзи во очите ја прегрнува неговата ќерка пред да се разделат, додека неговиот син Самуел само брзо се сокрил во автомобилот.
Бен Афлек се раздели со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, по 12 години минати во брак. Сега актерот вели дека често се гледа со своите три деца и оди на заеднички дружења. Афлек вели дека сака често да се гледа со Виолет (13), Серапхин (10) и Самуел (6), затоа што не сакал да изгуби контакт со нив.
Бен и Џенифер ојбавија дека се разделуваат уште во 2015 година, а наводно повод за разделбата било неговото неверство. Во август минатата година, познатиот актер признал дека има проблем со алкохолизмот. Афлек заврши на одвикнување во познат центар во Лос Анџелес.
„Пддршката која ја добив од семејството, колегите и фановите ми значи повеќе од што можам да кажам. Таа ми даде сила и поддршка да разговарам за својата болест со другите“, напишал оскаровецот во тој период на социјалните мрежи и објаснил дека битката со која била зависност е доживотна и тешка борба.
„Тоа е обврска со полно работно време. Се борам заради себе и моето семејство. Така многу луѓе преку социјалните медиуми зборуваа за своите патувања со зависноста. На тие луѓе сакам да им се заблагодарам. Вашата сила е инспиративна и ме поддршка на начин за кој не мислев дека е можен“, напишал Афлек.
Афлек дополнил дека голема поддршка во битката со зависноста му пружила и неговата поранешна сопруга, која наводно е во врска со претприемачот Џон Милер.
Текстот (Фото) Бен Афлек со солзи во очите се разделува од децата е превземен од Reporter.mk.