(Фото) Берни со луксузна јахта во посета на Хрватска

Познатиот светски милијардер и поранешен сопственик на Формула 1, Берни Еклстоун доаѓа во посета на Хрватска. Папараците ја снимија неговата луксузна јахта, „Петара“, закотвена во едно од пристаништата во Дубровник.

Берни во Хрватска најверојатно е дојден со неговата сопруга Фабиана Фолси, со која чека дете. Таа би требало да се породи во јуни, неколу месеци пред Берни да наполни 90. години. Тоа ќе биде негово четврто дете.

Јахтата на берни е долга 54 метри, а вреди неколку десетина милиони долари. Поранешниот шеф на Формула 1, во неколку свои интервјуа, кажал дека ја обожава Хрватска и дека тоа е местото каде често патува. Пред четири години Берни и сопругата, заедно со нивни пријатели беа во посета на земјата.

Берни и Фабиана се знаеле неколку години пред да влезат во врска. По неговиот последен развод, тие ја почнаа романсата, откако и двајцата се нашле на исто крстарење и тоа токму во Хрватска.

Берни од првиот брак со Иви Бамфорд ја има ќерката Дебора. Бил во брак и со Славица Еклстоун Радиќ (61) од 1985 година, па се до 2009 година. Со неа ја има ќерката Тамара (35) и Петра (31). Три години по разводот од Славица, се ожени со Фабиана.

 

Текстот (Фото) Берни со луксузна јахта во посета на Хрватска е превземен од Reporter.mk.